Апел за „Лето без пожари“ во Струмичко

Со мото „Лето без пожари“ СВР Струмица заедно со Регионалниот центар за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонски шуми“ и Територијалните противпожарни единици, апелираат до граѓаните на зголемена будност поради појава на пожари на отворено, соопштија денеска од струмичката полиција.

 

-Внимателност при движење во шумите, како и при движење  на отворени простори заради превенција од пожари, предизвикување општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните, да не се фрлат догорчиња и отпушоци на отворен простор, да не се пали оган на отворено, стрништа, плевел и отпадоци со што заедно ќе придонесеме за зачувување на шумите и истите да ги оставиме во наследство на идните генерации, стои во сооштението.

 

Доколку забележат пожар граѓаните веднаш да пријават на бесплатните телефонски броеви 193, 195 и 192.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.