Тридневна конференција за компјутерска графика, анимација и 3Д

Конференција за компјутерска графика, анимација и 3Д ќе се одржи од денеска до 24 март во Младинскиот културен центар (МКЦ), а организатор е М3ДС Академијата за 3Д и гејм дизајн, информираат од Академијата.

 

„M3Conference“ е тридневна конференција што има за цел да ги соедини дел од глобалните лидери во технологијата, иновациите и бизнисот. Најголемите влијателни личности од светот на компјутерската графика, вклучувајќи ги 3Д областа, анимацијата, филмската продукција, производството на игри, виртуелната реалност, доаѓајќи од врвни компании и студија, ќе ги споделат своите искуства на темите за кои важат за експерти на интернационално ниво. Воедно, ќе ги советуваат учесниците за компјутерската анимација, моделирањето, гејминг-индустријата и филмската индустрија, како и останатите сродни области.

 

Со оваа конференција секој почетник или професионалец кој е ориентиран кон ова поле ќе ги подобри своите вештини за тимска работа, нивната продуктивност и ефективност во работата ќе бидат зголемени, а тоа ќе биде постигнато токму преку лекциите на врвните светски лидери, кои ќе ги споделат нивните искуства од работата на едни од најпознатите видео игри и филмови.

 

Дел од спикерите на конференцијата се: Ерик Смит, директор на фотографија на Pixar Animation Studios, Горан Кочов, водечки Layout Artist во Lucas Films, Еди Бенун, Art Director на Assassin’s Creed Origins во Ubisoft, Џ. К. Корнвел, директор за обука и развој на уметници во DreamWorks Animations, Joshua Beveridge, супервизор за анимација на Sony Pictures – ImageWorks , Михајло Димитриевски – Тхе Мичо – еден од најпознатите илустратори и стрип-цртачи во Македонија и пошироко, Hugo Guerra Director & VFX Supervisor со многубројни светски проекти во своето резиме, Никола Дамјанов – Lead Game Artist (Substance Designer) во Nordeus и Ран Манолов – карактер уметник / VFX супервизор во WWFX – Creature/character артист, се наведува во соопштението од М3ДС Академијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.