„На патот“-проект за развој на уметничката сцена и туристичките потенцијали на Куманово

Локалната акциска група за рурален развој „АБЕР 2015“, преку проектот „На патот“ ќе ја развива независната уметничка сцена во Куманово. Проектот предвидува вклучување на уметниците, креирање на дела што ќе бидат употребени за промоција на туристичките потенцијали на  регионот. Овој проект, локалната акциска група што делува на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, го релизира со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада.
 
 
– Проектот содржи две компоненти. Овозможува услови за работа на младите, самостојни уметници, преку обезбедување на бесплатен простор и материјали за работа во различни медиуми. Целта е да се создаде културен центар да се собираат идеи од уметниците кои се однесуваат кон заживување на независната уметничка сцена во градот и да се реализираат, изјави директорот на проектот, Дејан Георгиевски.
 
 
Втората компонента е промоција на регионот преку уметнички проекти, видливи и за жителите и туристите во овој регион. Проектот ќе покаже дека уметниците можат активно да учествуваат во разубавување на просторот, збогатување на културната понуда и промовирање на содржините на бизнис заедницата.
 
 
– Преку овој проект, не само што регионот ќе започне да добива нов, културен лик, туку и вештините на уметниците ќе станат ресурс што може да се користи за локален економски развој. Уметноста ќе понуди нов модерен изглед на општините, ќе помогне за подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, додава Георгиевски.
 
 
Од ЛАГ „Абер 2015“ ги поканија уметниците од овој регион да понудат идеи и дела, а авторите кои ќе бидат изберени ќе бидат наградени.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.