„Струмица грижлив град“ – проект за ранливите категории граѓани

Со одржување на првиот заеднички координативен состанок, на кој учествуваа претставници на граѓански организации кои работат во областа на социјалната сфера, локалната самоуправа и институции под надлежност на државната власт, денеска во Струмица почна реализицијата на концептот и проектот „Струмица грижлив град“.

 

Според Тони Милушев, раководител на одделението за Локален економски развој, со овој проект општината има намера во рамки на „Платформата за унапредувањето на квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани во Општина Струмица“, во наредниот пет години максимално да се посвети на идентификација, утврдување и решавање на сите проблеми со кои се соочуваат ранливите групи граѓани во локалната заедница.

 

– Во тој контекст сакаме да изработиме една анализа што ќе ни ја даде реалната слика за сите проблеми кои ги имам во моментот, односно ќе ни даде слика за тоа што имаме досега направено. Општина Струмица има многу работено во сферата на социјалната заштита, но сега почнуваме нов концепт каде сите заедно ќе ги утврдиме сите проблеми и ќе направиме приоритети и на вистински начин да го испланираме нивното решавање, пред се, од финанскиски аспект за да видиме како и од каде ќе ги финансираме, односно од кои извори на средства, рече Милушев.

 

Смета дека резултатите од овој проект ќе придонесат општина Струмица да биде прва во државата, како што беше и досега, па заради тоа да биде препознаена и во поширокиот регион.

 

Во наредниот период треба да биде избрано координативно тело кое ќе биде задолжено за реализиација на активностите од овој проект, како и работни групи кои ќе работат на идентификација на проблемите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.