Волонтери од штипскиот Црвен крст им помагаат на лицата со оштетен вид

Волонтери на Општинската организација (ОО) Црвен крст-Штип почнаа со реализација на проектот „Клиника на хумани вредности“. Секретарот на штипскиот Црвен крст, Викторија Милановска, за МИА вели дека станува збор за проект во кој волонтерите во наредните два месеца ќе им помагаат на лицата со оштетен вид.

 

– Средношколците Мила, Михаела и Стеван, заедно со нивни соученици, како идни медицински лица овие два месеци своето слободно време ќе го посветат на асистенција на лицата со попреченост на видот. Во соработка со Здружението на слепи лица во Штип, селектирани се неколкумина лица од оваа категорија, во поодмината возраст, кои немаат свои блиски да им помогнат во извршување на секојдневните рутински обврски, од типот на набавка на леб, млеко и други основни намирници, вели Милановска.

 

Таа потенцира дека волонтерите неколку пати во неделата ќе ги посетуваат лицата со оштетен вид, а покрај логистичка поддршка , како што вели Милановска, ќе им понудат и дружба, имајќи предвид дека овие лица ја имаат посочено токму неможноста за социјализација како еден од најголемите проблеми во третото доба од животот. Хуманите волонтери веќе подготвуваат содржини за следните средби, при кои ќе одвојат и време за читање, прошетка и заеднички активности на отворено. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.