Во Струмица се асфалтираат, бетонираат и тампонираат повеќе улици

Општина Струмица на повеќе локации во градот ги реализира планираните активности за асфалтирање, бетонирање и тампoнирање на повеќе улици согласно програмите за оваа година, информираат од општината.

 

Минатата недела се изврши пробивање со тампонирање на улица во индустриската зона Север во должина од 125 метри, а во истата зона се асфалтира улица во должина од 302 метра.

 

Се бетонираше и крак од улицата „Плачковица“ до влезот во резервоарот во должина од 75 метри и дел од улицата „Пиринска“ во должина од околу 50 метри.

 

Се работи и во населеното место Добрејци каде што продолжија подготвителните активности за асфалтирање на улица со втор слој асфалт.

 

Паралелно со овие зафати се работи на подобрување на тротоарите на две улици во градот. Заврши реконструкцијата на тротоарот од двете страни на улицата „Димитар Влахов“ во должина од околу 140 метри, а се работи на реконструкција на тротоар на улицата „Младинска“ во должина од околу 160 метри.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.