Протест пред судот за затворската казна на Абдулфета Алими

Пред Кривичниот суд во Скопје попладнево се одржа протест поради изречената затворска казна на Абдулфета Алими, кој беше осуден на седум години затвор како еден од обвинетите за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

 

Учесниците на протестот кои се собраа пред споменикот на Скендр Бег по што дојдоа пред судот, носеа маици со ликот на Алими и извикуваат пароли: „нема правда нема мир“, „правдата не е пазар“, „да спасиш човек“, не значи дека си терорист“,…

 

Демонстрантите ги исвиркаа имињата на пратениците и дел од првично обвинетите за 27 април, кои потоа беа опфатени со Законот за амнестија.

 

-Ова е многу голема неправда. Нека мислат тие што го направија ова. Тој што спаси некој сега е затворен. Тоа не е правда. Остануваме на улица се додека Алими не биде со нас, изјави учесник на протестот.

 

Протестот помина мирно, без инциденти. Сообраќајот на булеварот пред судот беше блокиран, а околу зградата имаше засилено полициско присуство.

 

Абдулфета Алими, кој беше еден од сведоците на судењето за нападот врз Зијадин Села, тврди дека не учествувал во насилствата во Собранието на 27 април туку помагал да се спаси и евакуира лидерот на Алијансата на Албанците.

 

Обвинителката Вилма Рускоска, пак, во телевизиско интервју рече дека Села не бил спасен од Алими туку од еден од демонстрантите. Алими, вели Рускоска, на 27 април бил одговорен за вратите на Собранието и ако си ја вршел работата немало да треба никого да спасува.

 

Против затворската казна на Абдулфета Алими јавно се изјасни и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.