Делчево на годишно ниво за улично осветлување штеди до 80 проценти енергија

Преку проектите за заштеда на енергија, на годишно ниво Делчево штеди енергија и до 70 проценти на јавното осветлување, како резултат на претходната замена на старото осветлување на живини светилки, со 760 нови лед светилки.

 

Ова  го истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој рече дека заштедата на електрична енергија продолжува со поставувањето на фотоволтаици на три институции во градот.

 

– Со поставување на фотоволтаици во административната зграда и во двете делчевски деветолетки, добиваме значајна заштеда на електричната енергија со што директно ќе се намалат трошоците на Општината. Истовремено со овој проект ќе се зголеми и бројот на користени обновливи извори на енергија во Делчево, рече Трајковски.
 
 
Фотоволтаичните системи во делчевските установи се поставуваат како дел од Програмата за подобрување на инфраструктурата во руралните средини, поддржана од Европската Унија и имплементирана од Министерството за финансии, а администрирана од Светска банка. Државата, од ЕУ за развој на руралната инфраструктура за овие активности обезбеди средства во висина од 15,5 милиони евра. Вкупниот износ на рограмата вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата, изнесува 20 милиони евра.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.