Изгаснат пожарот кај велешко Караслари

Пожарот со кој беше зафатена борова шума во близина на велешкото село Караслари денеска напладне е изгаснат. Во гаснењето учествуваа пожарникари од Велес, вработени од шумското стопанство „Бабуна" и од Шумската подружница од Свети Николе, а беа вклучени и два авиони „канадер" на  Дирекцијата за заштита и спасување.

Командирот од Противпожарната бригада во Велес, Љупчо Лепидовски за МИА изјави дека со пожарот биле зафатени околу 40 хетари квалитетна борова шума.

 

– Поради опасноста повторно да избувне, нашата Противпожарна единица се уште е на терен, а тука со нас е и екипа од ШС „Бабуна". Тие ќе останат на терен поради контрола на опожарениот терен, рече  Липидовски.

 

Покрај овој пожар, синоќа околу 17:30 часот бил изгаснат и пожарот кај селото Крива Круша каде горела нискостеблеста дабова шума на површина од околу два хектара.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.