„Заедно напред", слоган на Пендаровски за шестите претседателски избори

Под слоганот „Заедно напред", кандидатот на владината коалиција, Стево Пендаровски ќе ја започне кампањата за шестите претседателски избори во нашата земја.

 

Слоганот на кампањата за кандидатот за претседател со број 3, Пендаровски, бил договорен на работна средба на Централниот изборен штаб на СДСМ и коалицијата на која присуствувале сите министри, градоначалници и функционери на партијата.

 

Слоганот ја одразува суштината на Програмата на Стево Пендаровски која се темели на  заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ.

 

На проширената средба на Централниот изборен штаб, премиерот Зоран Заев побарал ангажман од сите во партијата за одржување на кристално чисти избори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.