Делчево домаќин на иновативен камп за средношколци

Се е подготвено за иновативниот камп за средношколци што ќе се одржи во среда во Делчево. На кампот, како што информира Ванчо Новоселски, советник за образование при општина Делчево, ќе учествуваат ученици од 21 средно училишта од државата.
 
 
– На натпреварот ќе земат учество 21 среднo училиштe од 15 града од целата територија на земјата. Ќе се натпреваруват 100 средношколци и 30 ментори-наставници од Скопје, Битола, Валандово, Делчево, Кочани, Берово, Гевгелија, Куманово, Струмица, Македонски Брод, Прилеп, Штип, Ресен, Maкедонска Каменица и Виница, додека над 50 поканети гости ќе го следат натпреварот. На иновативниот камп средношколците ќе можат да ја покажат својата иницијатива и креативност и да се натпреваруваат за најдобар бизнис концепт, соопшти Новоселски.
 
 
Организатори на настанот се Џуниор Ачивмент Македонија и општина Делчево, а истиот финансиски е поддржан од Американската агенција за меѓународен развој. Во рамки на претходните два кампа одржани во Скопје, беа опфатени близу 300 средношколци од повеќе градови во Македонија. 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.