Двајца млади донираат облека за матурска вечер на матуранти од социјално загрозени семејства

Двајца млади донираат облека за матурска вечер на матуранти од социјално загрозени семејства. Се работи за 21-годишниот  Димитар Аврамов од Неготино и една година помладата Михаела Димитријевска од Крива Паланка кои студираат во соседна Бугарија, програмирање и забен техничар.

 

-Се што сакаме, е да донесеме среќа за двајца матуранти, момче и девојче. Да се чувствуваат убаво на својата матурска вечер, со радост да ја прослават  и по тоа да ја паметат,  рече Аврамов за МИА.

 

Истовремено, сопственичка на козметичко студио од Неготино, донира шминкање и средување на нокти за две матурантки, кои самите не можат да си го дозволат тоа.  Аврамов вели дека интересот за донирање пред матурските вечери се зголемува и многумина други се заинтересирале за иницијативата на овој млад пар, па биле најавени и други донации од хумани луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.