Националната Стратегија за мали и средни претпријатија на владина седница

Информацијата во врска со отпочнување активности за спроведување на Националната Стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023-та година, со Акциски план ќе биде разгледана на денешната 130-та владина седница.

 

На дневен ред на седницата е и информацијата за прогресот на реализација на акцискиот план за пристапни рампи за лицата со инвалидност, како и информацијата за подготовка на национална стратегија за електронско здравство, со Предлог – одлука.

 

Како материјал за информирање, Владата на Република Северна Македонија ќе ги разгледа Информацијата за прогресот во однос на обезбедување на посебен софтвер (програма) за внесување и процесирање на податоци за сообраќајни незгоди „Електронски записник од увид во сообраќајна незгода", како и информацијата за прогресот и реализацијата на проектот „Креирање на стандарди на професионални компетенции".

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.