Традиционален велигденски концерт на ансамблот „Танец“

Ансамблот за народни игри и песни „Танец”  вечерва во Националната опера и балет го одржува традиционалниот велигденски концерт, годинава насловен „Велигденско будење”.

 

Концертот содржи богата музичко-сценска програма во која ќе бидат изведени многу фрагменти од кореографии, вокални и оркестарски изведби од нивниот понов репертоар, од 2000 година до денес.

 

Ќе учествуваат првенците, солистите и целиот ансамбл на „Танец” кој со овој концерт ја почнува  јубилејната 70-та сезона, под мотото „Остани во чекор”. -Чуварите на нашето музичко-фолклорно богатство со ова најавуваат храбри чекори кон модерните времиња, но и цврсто тежиште кон традиционалните вредности, соопшти „Танец“.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.