Силјановска-Давкова ги посети Здружението на глуви и наглуви на Град Скопје и „Еко Планета"

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова денеска се сретна со претставници на Здружението на глуви и наглуви на Град Скопје.

 

Таа изјави дека државата треба да се грижи за сите граѓани вклучувајќи ги и глувите и наглувите, кои без разлика на мајчиниот јазик, се обединети и користат еден знаковен јазик. Според неа, овие граѓани треба да се опфатени од принципите на соодветна и првична застапеност.

 

Силјановска Давкова денеска се сретна и со претставници на Здружението за животна средина „Еко Планета".

 

– Разговаравме за можностите за вклучување еколошки теми во образовниот процес, и теоретски и практични лекции, рече Силјановска Давкова. Додаде дека Здружението за животна средина „Еко Планета" ја има нејзината поддршка бидејќи заштитата на животната средина е и нејзин приоритет.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.