Се поголем број деца со задоцнет говор! Причина – повеќе време пред телефоните отколку надвор

Кај децата потребно е да се вратат вредностите и играта. Дефектолозите велат, кога повторно би се вратила играта, детскиот џагор на улиците, другарувањето, играњето игри во групи, со развивање на натпреварувачкиот дух, социјализација, одење боси, трчање сето ова ќе придонесе за поздрав развој на децата.

 

Во денешно време сведоци сме на дека децата подоцна ги кажуваат првите зборови, а кога ќе прозборат тоа е на англиски јазик, сето тоа е резултат на модерната технологија, паметните телефони, компјутерите, таблетите кои им ги заменуваат играчките на децата уште од најмала возраст.

 

Во разговор за 1-ва скопска магистер Ана Петреска од Логопедско-дефектолошки центар ,,Интеракција Плус”  вели дека се поголем е бројот на деца кои имаат многу мал фонд на зборови дури и по третата година од животот, што според неа е последица на се пореткото читање сликовници и раскажување приказни, за сметка на цртаните филмови кои не придонесуваат за развој на говорните функции кај децата.

 

Петреска додава дека родителите треба да внимаваат на паметните телефони, да посветуваат повеќе внимание на децата  со читање на сликовници и најпрво да им го пласираат мајчиниот јазик а не англиски или било кој друг странски јазик.

 

Исто така еден од најдобрите и најпрепорачливи методи е посета на детска градинка, каде што има можност за постојана социјална интеракција со врсници.Фондот на зборови кои децата треба да го имаат развиено во периодот од втората до третата година е најмалку 50, но не сметајќи ги зборовите мама, тато, и најблиските челнови на семејството.

 

За да се потврди дали детето има проблем во изучувањето на говорот, Петреска вели дека потребно е да се посети дефектолог или логопед при што ќе се направи контролен преглед  и ќе се дадат упатства за понатамошен третман, доколку е потребен.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.