Вкупно 362 болни и изнемоштени ќе гласаат во Делчево, Берово, М.Каменица и Пехчево

Во четирите општини Делчево, Берово, Македонска Каменица и Пехчево на претстојните претседателски избори вкупно ќе гласаат 362 болни и изнемоштени лица.

 

Владимир Петровски од општинската изборна комисија во Делчево, информира дека во оваа општина, ОИК регистрирала 192 болни лица кои ќе можат да го остварат своето право на глас.

 

– Во Делчево како дел од изборниот процес за претстојните претседателски избори имавме регистрирано вкупно 221 болно и изнемоштено лице, при што на 29 лица барањето им се одбиени, што значи дека вкупно 192 лица од оваа категорија граѓани од Делчево ќе можат да го остварат своето право на глас, соопшти Петровски.

 

Според информациите на општинските изборни комисии во Македонска Каменица, Берово и Пехчево во овие општини своето право на глас ќе можат да го остварат 162 лица. Од нив 92 во Берово, 26 лица во М.Каменица и 46 болни и изнемоштени лица во општина Пехчево.

 

Болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените и лицата кои се наоѓаат во казнено поправните установи гласаат на 20 април, ден пред одржувањето на изборите.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.