Во Штип во своите домови ќе гласаат 60 болни и изнемоштени лица

На претстојните претседателски избори на 20 – ти април во своите домови ќе гласаат вкупно 60 болни и изнемоштени лица, кои доставиле уредна документација до Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип.

 

Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева на денешната прес-конференција информираше дека минатата недела до нив се доставени 75 барања од болни и изнемоштени лица да гласаат во своите домови.

 

– Одбиени се вкупно 15 барања бидејќи или ги нема во избирачкиот список или не доставиле уредна документација, која е пропишано согласно законот. Во текот на вчерашниот ден лекар специјалист ги разгледуваше и барањата кои беа доставени до нашата изборна комисија. Критериумите ги исполнуваат вкупно 60 болни и изнемоштени лица, вели Андреева.

 

Таа додава дека истиот ден односно на 20-ти април ќе гласаат и осудениците во Затвор-Штип, каде што избирачкото место ќе биде отворено од 7 до 19 часот. Во просториите на ОИК-Штип пристигнат е и недоверливиот избирачки материјал, односно гласачките кутии, паравани и останати потребни материјали за денот на изборите. Доверливиот материјал односно гласачките ливчиња се очекува да пристигнат деновиве.

 

Во Штип има вкупно 77 избирачки места, а кога ќе пристигнат и гласачките ливчиња со избирачкиот список ќе се знае колку граѓани во Општина Штип ќе можат да го искористат правото на глас на претстојните претседателски избори 2019, кои ќе се спроведат на 21-ви април.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.