Реакција на тимот на Силјановска-Давкова: Тешки злоупотреби во изборниот процес

Почитувани,

 

За жал и покрај јавните заложби на дел од политичките структури дека Македонија мора да има чист фајл во однос на изборите од што зависи се разбира и датумот со преговори со ЕУ денеска морам да информирам за еден скандал кој што можеме и да го наречеме „Големото око", „Големото уво", како сакате но во секој случај е голем проблем за Република Македонија.

 

Имено во текот на денот од анонимно лице таканаречен свиркач до член на тимот на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова беше доставен документ коj укажува на сериозно прекршување на изборниот процес и неколку закони со кои се прекршуваат голем број лични прaва на граѓаните на Македонија.

 

Од документот е јасно дека постојат индиции дека со помош на апликација за смарт телефони за оперативен систем андроид се прекршени не само Изборниот законик туку и други темелни вредности на македонскиот уставен систем

 

Според независни ИТ експерти кои ги консултиравме постојат сериозни индиции дека со помош на апликацијата која што е поставена на сервисот за апликации на Гугл Плеј, а која е направена од страна на владејачката СДСМ се прибираат лични податоци и мета дата од телефони на сите што ја симнале аликацијата.

 

Дополнително можеби уште пострашно, според индициите што ги имаме апликацијата се користи од членови на СДСМ кои што со нејзина помош добиваат целосен увид во интернет активностите на сите граѓани.

 

Преку оваа апликација теренските активисти на СДСМ прибираат и складираат лични податоци на граѓани без нивна дозвола. Овие податоци спротивно на сите позитивни правни прописи се под контрола на партијата на власт и најверојатно се користат за други активности со цел да се влијае на гласањето, но и за други политички цели на власта.

 

Според документите што ги добивме имаме сериозна загриженост дека се злоупотребуваат матични броеви на граѓани, се врши контрола на лични контакти и таканаречена геолокација односно следење движење на граѓани и на тој начин се вршат тешки злоупотреби во изборниот процес.

 

Им сугерираме на сите граѓани веднаш да ја избришат апликацијата преку која што една партија има целосен увид во приватниот живот на граѓани. Апелираме до граѓаните да одбијат да разговараат со тернеските екипи на СДСМ кои што од нив бараат било каков податок.

 

Во текот на оваа прес конференција сите релевантни институции кои што имаат ингеренции на ова поле го добија материјалот. Документот е доставен до Јавното обвинителство, ДИК, Комисијата за заштита на лични податоци, странски институции и организиации и амбасади, ОБСЕ, ОДИХР, МВР оддел за компјутерски криминал. Ќе бидат информирани се разбира и низа други меѓународни организации во Брисел, во САД, европски членки и НАТО.

 

Од Јавното обвинителство бараме да преземе итни мерки за спречување на уништување на доказите.

 

1. ЈО да одреди мерка за забрана на користење на апликацијата.

 

2. ЈО да направи увид и конфискација на серверот во Социјалдемократскиот сојуз со цел да се утврди фактичката состојба кој што говори овој документ.

 

Постојат индиции дека на серверот спротивно на сите закони се складираат лични податоци на граѓани.

 

Според индициите прекршени се најмалку следниве основни човекови права

 

1. Право на приватност.

 

2. Право право на фер изборен процес.

 

3. Право на заштита на лични податоци.

 

Со оглед на тоа што овде се работи и за следење на животите на граѓаните и скалдирање на лични податоци, фотографии и видеа на граѓани овој скандал може да се нарече не само „Големо уво" туку „Големото око". За жал по сите предходни скандали од овој тип не научивме дека изборите се празник на демократијата, а не можност за тешки злоупотреби на човековите права.

 

Не очекуваме овој скандал да ја наруши победата на кандидатката за претседател ѐ Гордана Сиљановска Давкова но за жал овој скандал може да влијае негативно на можноста за добивање на датум за преговори со ЕУ нешто што е главна цел на македонските граѓани. Поради сензибилноста на случајот не би сакал да дадам одговори на ваши прашања, во очекување на реакциите од сите македонски институции, пред се на ЈО.

 

Тим на Кандидат за претседател на Република Македонија,

 

Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.