Распишан повик за иницијативи за изработка на урбанистички планови во Кратово за 2019 година

Локалната самоуправа на Општина Кратово распиша јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови во  Кратово за 2019 година согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање во првиот квартал од оваа година.

 

Сите заинтересирани правни и физички лица до 26 април можат да достават иницијативи за изработка на урбанистички планови, а предмет на иницијатива може да биде донесување нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план за конкретен предлог од подносителот на иницијативата.

 

Заинтересираните правни и физички лица иницијативите можат да ги достават во писмена форма во архивата на Општина Кратово или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок. За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативите.

 

Прифатените иницијативи од јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2019 година. Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите, правните односно физичките лица.

 

Подетални информации граѓаните можат  да добијат од повикот кој е објавен на веб-страната на општина Кратово www.opstinakratovo.gov.mk или кај надлежните служби во општината.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.