Се тампонираат и се асфалтираат улици во Прилеп

Во рамките на спроведување на комуналната програма во Прилеп за уредување на улиците во градот и населените места, изминативе неколку денови се работи активно на тампонирање и асфалтирање на улици во градот.

 

Според Блаже Богоески, задолжен за надзор над работите, времето погодува за тампонирање и асфалтирање.

 

-Се работи на три краци на потегот помеѓу улиците „Истарска" и „Мечкин камен". Во моментов се работи на нивно тампонирање и одготовка за поставување асфалт. Должината на улиците е близу 300 метра, планирано е во следните неколку денови подготовките да бидат завршени и да се асфалтира,  рече Богоески.

 

Истовремено се работи и на тампонирање на десетина помали краци од улицата „Пчиња", непосредно над прилепското основно училиште „Гоце Делчев", што, истовремено, е подготовка за нивно асфалтирање. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.