Кривопаланечките пчелари донираа под мотото „Од пчеларите за најмалите”

Раководството на здружението на пчелари „Пчела“ од Крива Паланка денеска донираше мед за децата од предучилишната установа – градинката „Детелинка“ и за  штитениците од Одделението за дневен престој на лица со попреченост на Меѓуопштински центар за социјална работа во градот.
 
 
Ова е прва активност од вакив вид на членовите на здружението „Пчела“.
 
 
– Првпат реализираме акција за донирање мед, истата се должи на воспоставената добра  соработка со локалната самоуправа на општина Крива Паланка, преку која продолжува и со општинските институции. Денешното донирање мед за најмалите и најранливите членови на локалната заедница претставува прв чекор во процесот на создавање култура на  ползување природни производи за унапредување на здравјето, почнувајќи од најмали нозе, создавајќи здрави животни навики кај сите,пред се кај дечињата, изјави Ацо Павловски, претседател на ЗП „Пчела”, Крива Паланка.
 
 
Истакна дека ова е прва од предвидените хумани активности на здружението, кои ќе преминат во традиција, а воедно и мотивација за останатите здруженија и организации за пружање помош и поддршка на  оние на кои им е најпотребна.
 
 
Директорката на детската градинка „Детелинка“’, Мирка Јакимовска и раководителката на Одделението за дневен престој на лица со попреченост, Добринка Давитковска се заблагодарија од името на наставниците, дечињата и штитениците, и изјавија дека секој вид донација и помош за нив како институции се од големо значење.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.