Цените на јајцата за Велигден од 130 до 220 денари за една табла

Православните христијани, следната недела го слават Велигден. Граѓаните секој според своите можности ќе да ја пречекаат радосната вест, веста за Христовото воскресение, но годинава цената на зеленчукот и овошјето е многу зголемена.  

 

Крставицата на пазарите се движи од 50 до 90 денари, во зависност од квалитетот, доматите од 130 до 160 денари, зелката 45 денари, марула од 10-20 денари, младиот компир 60 денари, јаболка од 30 до 60 денари, банани, портокал и лимон од 50 до 60 денари. Цената на месото во месарниците во моментов е иста, а според месарниците, најверојатно така и ќе остане, освен цената на јагнешкото за која се очекува да биде зголемена за празникот. Јајцето кое е симбол за најголемиот христијански празник, годинава е со цена приближно како и лани.

 

За табла јајца на пазарите ќе треба да издвоите од 130 до 220 денари, во зависност од големината, но цената пред самиот празник може и да се покачи. Според минималната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, на едно четиричлено семејство во март му биле потребни минимум 32.852 денари за да ги задоволи основните потреби, а пред празникот таа ќе изнесува многу повеќе.

 

На една недела пред големиот празник не се забележува големо присуство на купувачи на пазарите. Пазарџиите се жалат на високите цени на големо и на се помалата побарувачка од граѓаните.

 

 

Од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштуваат дека засилени контроли ќе има кај операторите со храна во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи. Како што соопштија од Агенцијата, ќе се вршат контроли на безбедноста на бојата за јајца што се продава во регистрираните објекти за продажба на храна и на зелените пазари, ќе бидат контролирани производителите, увозниците и трговците со бои за јајца. Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на производството и трговијата со јајца и боја за јајца граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, соопштија од АХВ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.