Мобилна библиотека на осудените лица од Кшање поставена пред кумановскиот Центар за култура

Осудените лица од затворот Кшање изработија мобилна библиотека што денеска беше поставена пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Читателите ќе можат да земат, но и да остават книга.

 

– Станува збор за мала инсталација од дрво со околу 80 книги што им се на располагање на потенцијалните читатели на поминување. Одлучивме во рамки на проектот за ресоцијализација со осудените да се направи ваква библиотека „Little free library“ што веќе функционира во осумдесетина држави во светот, изјави директорот на кумановскиот затвор, Марјан Спасовски.

 

Дел од книгите на македонски, албански и англиски јазик се и донација на кумановската библиотека „Тане Георгиевски“.

Претходно, осудените лица од казнено-поправаната установа изработија и дрвени куќички за птици што се донирани на повеќе установи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.