Кумановскиот градоначалник упати сочуство до трагично загинатиот полициски службеник

 Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска изрази сочуство до семејството на трагично загинатиот полицискиот службеник Виктор Цветковски.
 
 
– Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да Ве утешат во овие моменти. Со длабоко жалење ја примив веста за тешката сообраќајна незгода и трагичната смрт на еден млад човек. Во овие тешки моменти за вас и вашето семејство, сакам да Ви изразам искрено сочувство за загубата на нашиот сограѓанин, професионалец во својата работа, син, сопруг и татко. Нека почива во мир, пишува меѓу другото, Димитриевски.
 
 
Полицискиот службеник загина, приправник беше повреден, повредени беа уште три лица во сообраќајна несреќа што се случи утрото помеѓу саботата и неделата во Куманово, откако во нив удри возило „мерцедес" управуван од 40-годишен возач во алкохолизирана состојба.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.