Татко и син пронајдени застрелани во атарот на село Слупчане

Татко и син се пронајдени мртви застрелани со огнено оружје во атарот на село Слупчане синоќа во 22. 40 часот, соопшти МВР.

 

Полициски службеници од Полициското одделение Матејче во атар село Слупчане, на место викано „Слупчански бунар", пронашле патничко возило „Опел астра" со скопски регистарски ознаки во кое билe две лица без знаци на живот.

 

Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е.С.(47) и неговиот деветгодишен син, двајцата од село Опае. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје.

 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.