Под мотото „Заштити ги видовите“ се одбележува 22 Април – Денот на планетата Земја

Со повеќе активности денеска се одбележува 22 Април – Денот на планетата Земја. Тема на годинашното меѓународно одбележување на Денот на планетата Земја е „Заштити ги видовите“ и има за цел да едуцира и да ја подигне свеста за брзото намалување на популацијата на растенија и диви животни предизвикано од човечки активности.

 

Глобалното уништување и брзото намалување на популацијата на растенија и диви животни се директно поврзани со причините предизвикани од човечката активност како што се климатските промени, уништувањето на шумите, загубата на живеалиштата, трговијата со луѓе и ловот, неодржливото земјоделство, загадувањето со пестицидите поради што влијанијата се далекусежни.

 

Сите промени кои влијаат врз биолошка разновидност, автоматски влијаат и врз функционалноста на екосистемите, а со тоа и врз човековата благосостојба. Поради тоа потребни ни се т.н. ЗЕЛЕНИ ИДЕИ идеи кои придонесуваат кон животната средина, кои користат ресурси од локалната заедница и кои придонесуваат кон одржлив развој, како што се едукацијата и подигнување на свеста за забрзаната стапка на истребување на милиони видови и причините и последиците од оваа појава, како и поттикнување на индивидуалните активности како што е усвојување на растителна исхрана и запирање на употребата на пестициди и хербициди. Токму за таа цел Здружението на граѓани за заштита на животната средина Екозвон спроведоа едукативна работилница во средното училиште Браќа Миладиновци во Драчево со цев да им се укаже на учениците на овој проблем.

 

Еден од условите за изумирање на видовите се и климатските промени.Повисоките температури, сушите, поплавите и другите екстремни временски настани веќе ги загрозуваат живеалиштата и преживувањето на многу растенија и животни. Без спроведување на мерки за ублажување и адаптирање кон климатските промени, се оценува дека повеќе од четвртина од сите видови на копно се изложени на ризик да исчезнат до 2050 година.

 

Слаѓана Стаменкова од Еко Звон упатува апел до сит да се едуцираат на било кој начин и да внимаваат на се она што не опкру`ува, намалувањето на отпадот, селектирање и рецилкирање на отпадот и на тој начин да се заштитат оние видови кои се загрозени и на кои им се заканува исчезнување, како што е Балканскиот рис кој ги населува густите шуми и тешко достапните области во западна Македонија, а според последните податоци се претпоставува дека има само 35-40 единки. Повеќе видови на животни кои се на работ од истребување се строго заштитени со закон, а загрозени и заштитени видови има околу 113

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.