Мини-бус за авантуристички туризам во Крушево

 Крушево набави нов мини-бус кој ќе му биде добредојден на градот за сите светски учесници во натпреварите во параглајдерство, бројни преку целата година. Возилото марка „фиат дукато", мини бус пристигна во Крушево.

 

Возилото градот го доби во рамките на проектот „Локална и регионална конкурентност", потпроект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево", од програмата ИПА 2 на ЕУ и е во соработка со Светска банка.

 

Крушевските локални власти нагласуваат дека продолжува имплементацијата на проектот преку Светска банка и општината активно работи на развојот на туризмот.

 

Во рамките на овој проект во тек е реконструкцијата на спортската сала во Крушево и проширување на нејзината намена.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.