Нова опрема за противпожарната единица во Крушево

Крушево обезбеди нова опрема за вработените во територијалната противпожарна единица. Новата опрема ќе ја замени истрошената која беше минимално надградена минатата година.

 

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, службите мора да бидат добро опремени за подобро да ги пресретнат несаканите ситуации и потребите на граѓаните.

-Минатата година набавивме само мал дел од опремата, а сега целосно ја заменуваме застарената со нова. Опремата која денеска пристигна опфаќа комплет за работа за секој од вработените во единицата, рече Христоски.

 

Покрај ова целосно опремување на пожарникарите, локалната самоуправа набави ново возило за службата и стави во функција две од постарите возила, а лани беше набавена опрема за вработените во противпожарната единица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.