All for Joomla All for Webmasters

Две лица од Дебар осомничени за разбојништво во казино

Основното јавно обвинителство Гостивар донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Дебар осомничени за разбојништво во казино.
 
 

Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, лицата се осомничени дека како соизвршители на 15-ти овој месец одзеле околу 500.000 денари од казино во Дебар. Притоа, еден од осомничените маскиран и вооружен со пиштол влегол во казиното преку помошна врата, им се заканил на вработените и ги одзел парите од дневниот промет. Другиот осомничен, инаку вработен во казиното како управител, ги дал сите информации за дневниот промет, со автомобил го превезол до казиното и го чекал првиот осомничен да го изврши разбојништвото, по што двајцата заедно го напуштиле местото.

 

Осомничените биле идентификувани преку обезбедените снимки од видео надзорот на казиното и на околните објекти. Едното лице е лишено од слобода, додека по другото се трага.

 

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка му предложи да определи мерка притвор за двајцата осомничени, која за лицето лишено од слобода би била ефективна веднаш, додека за неговиот соизвршител би се спровела по неговото лишување од слобода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.