Хакери го нападнаа Ватсап

 Хакери успеале во апликацијата за размена на пораки Ватсап да инсталираат софтвер што надгледувал одредени корисници, јави Би-Би-Си.

 

Ватсап, во сопственост на Фејсбук, соопшти  дека хакерскиот напад бил насочен само кон „одбран број” корисници и дека во петокт го решиле проблемот и ја оневозможиле понатамошната неовластена контрола.

 

Тие побараа од клиентите, што се околу 1,5 милијарди долари, да ги ажурираат апликациите како дополнителна мерка на претпазливост.

 

Нападот бил откриен претходно овој месец, а штетниот софтвер бил изработен од израелската безбедносна компанија НСО Група.

 

Во изјава за Би-Би-Си од Ватсап велат дека нивниот  тим за безбедност, веднаш штом го открил хакерскиот напад ги известил релевантните здруженија за човекови права, безбедносните агенции и американското Министерство за правда.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.