Изложба на дела на студенти од Меѓународниот Балкански универзитет на тема „Уметност и архитектура"

Во универзитетскиот кампус на Меѓународниот Балкански универзитет (МБУ), денеска ќе биде отворена изложба на тема „Уметност и архитектура". Изложбата се состои од повеќе од 200 дела на зададената тема изработени од студенти на Факултетот за уметност и дизајн и на Факултетот за инженерство.

 

На отворањето на изложбата ќе говорат Деканката на факултетот за уметност и дизајн, проф. д-р. Александра Ристовска и раководителот на Катедрата за архитектура проф. д-р. Александар Андовски.

 

Поставката содржи над 200 дела меѓу кои слики, цртежи, постери, фотографии од студентите од студиските програми за уметност и дизајн, заедно со макети, цртежи на резиденцијални објекти, ентериер, индустриски дизајн, театри, јавни објекти, проекти за урбанизам и други објекти во фокусот на студентите по архитектура. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.