Манчевски се обрати на 11. конференција на Асоцијацијата за човечки ресурси

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на 11. конференција за човечки ресурси, во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси подвлече дека управувањето во човечкиот и интелектуалниот капитал, е од голема важност за следење на глобалните процеси и трансформацијата, информираат од МИОА.

 

– Користењето на интелектуалниот потенцијал се овозможува преку креирање на соодветни структури и изнаоѓање на решенија кои ќе одговорат ефикасно на предизвиците. Во МИОА, свесни за важноста и улогата што ја имаат вработените во секторот човечки ресурси за поставување на основата за функционален јавен сервис, активно работиме на развој и унапредување на оваа професија. Постојат многу искуства кои јавниот сектор може да ги искористи од приватниот. Не се така едноставно применливи, но цврсто верувам дека ќе ја подобрат работата и на јавниот сектор. Во таа насока, во тек се подготовки за измени на ЗАС и ЗВЈС, кои на јавноста ќе и бидат презентирани на крајот на јуни, истакна Манчевски.

 

Осврнувајќи се на активностите кои МИОА ги презема во контекст на развој на професијата човечки ресурси, тој зборуваше за мрежата за човечки ресурси и новата веб платформа за подобрена соработка и комуникација.

 

– На крајот на минатата година, ја реафирмиравме мрежата за управување со човечките ресурси. Мрежата претставува платформа за комуникација, координација и соработка. Целта е администрацијата да биде поблиску до граѓаните. Исто така, мрежата има за цел да обезбеди поддршка на политиките за обезбедување на еднакви можности за вработените во јавниот сектор. Сите сме свесни за критиките кои се адресираат на вработените во јавната администрација. Наша заедничка цел мора да биде да ја подобриме сликата што јавноста ја има за начинот на којшто функционира јавната админстрација. Работата на одговорните за човечките ресурси, е од особено значење во тој процес. Особено кога зборуваме за подобрување на испораката на услугите до граѓаните, рече министерот Манчевски.

 

Тој ја потенцираше и важноста од соработката меѓу јавниот и приватниот сектор, за развој на секоја област и професија. Само заедно може да обезбедат општоприфатени стандарди за работа, кои ќе придонесат за поквалитетна и поефикасна соработка, се наведува во соопштението од МИОА.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.