Соработката за евроинтеграциите на МВР на Северна Македонија и Црна Гора на владина седница

 Предлог – законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање Културно-информативни центри во двете земји е на дневниот ред на денешната редовна 136-та седница Владата.

 

Пред министрите на седницата ќе се најде и информацијата во врска со усогласениот текст на Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Црна Гора за соработка во областа на европските интеграции.

 

Владата, како што е најавено, ќе ја разгледа и информацијата за приклучување на Република Северна Македонија кон иницијативата за перформанси на примарна здравствена заштита.

 

Од владината прес-служба соопштуваат дека министрите на денешната седница ќе дискутираат и за потребата од донесување на Национална програма за железничка инфраструктура за период од 2019 до 2021 година, со Предлог – Национална програма. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.