Пендаровски се сретна со хрватската амбасадорка Баришиќ

 Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ.

 

Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, двајцата соговорници размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска, при што e констатирано дека се пријателски, без отворени прашања.

 

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за поддршката од Република Хрватска за отпочнување на пристапните преговори со Европската унија и поддршката за членство на Република Северна Македонија во НАТО, потврдена со ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Хрватскиот сабор. Тој изразил уверување дека поддршката ќе продолжи и во следниот период.

 

Пендаровски, како што наведуваат од кабинетот на претседателот, изразил очекување за вреднување на напорите на Република Северна Македонија од страна на Европскиот совет и скорешно одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, како клучен предуслов за обезбедување на напредок и трајна стабилност во поширокиот регион.

 

Амбасадорката Баришиќ, во име на претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, му честиташе на претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата, посакувајќи му успех во работата и изразувајќи уверување за натамошно продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.