All for Joomla All for Webmasters

РКЕ: Ценовен шок за бензините ќе нема, а исклучените од парно да не ги плаќаат сметките за април

Регулаторната комисија за енергетика не ги прифати високите барања на трговците со нафтени деривати кои бараа да им се признаваат повисоки трошоци за транспорт и малопродажна маржа од 6,5 денари која досега изнесуваше 3,2, но комисијата најави дека ќе биде под 4,8 денари од литар.

 

Новата методологија се очекува да биде готова за два дена, а од понеделник Регулаторна веќе да почне да ги крои малопродажните цени на горивата. Бислимовски ветува пониски цени за граѓаните и разумни профити за трговците.

 

Од РКЕ исто така апелираат исклучените од парно да не ги плаќаат сметките кои им стигнале во април, а доколку се соочиле со проблеми во БЕГ, да се обратат кај нив.

 

Граѓаните треба да ги услогласат своите лични карти со имотниот лист и сите потребни документи да ги достават кај нив.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.