Штипските епидемилози будно ја следат состојбата со морбили
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 25 Мај 2019
Во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип нема зголемување на бројот на заболени од морбили. Началникот на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница, Дијана Шишкова вели дека на одделението се хоспитализирани десет пациенти, кои се со потешка клиничка слика.
Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова потврдува дека новозаболените се од една штипска конфекција. Таа посочи дека веднаш по откривањето на заразата на лице место се вакцинирани 37 работници, кои работат во конфекцијата.
Според здравствените работници, постои ризик за ширење на заразата со морбили во Штип, бидејќи заболените текстилните работнички на работа пристигнуваат со автобуси, но имале и контакт со семејствата.
На Инфективното одделение во штипската Клиничка болница од февруари до пред два дена од морбили болнички се лекуваа 21 пациент од Кочани, Свети Николе, Карбинци, а последните случаи се од Штип.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс