Полицијата регистрирала повеќе физички напади

Во полицијата пријавени повеќе физички напади. Од СВР Скопје информираат дека таксистот З.П.(65) денеска бил физички нападнат од непознато лице откако претходно негов другар одбил да плати за услугата. Нападот се случил околу 4 часот на улицата „Јани Лукровски".
 
Во 02:30 часот денеска било пријавено и дека пред дискотека лицето С.П. (28) и неговиот брат А.П. (23) биле физички нападнати.

 

Од СВР Скопје информираат дека во населбата Илинден синоќа околу 22:40 часот физички било нападнато лицето З.И., вработен како обезбедување, а во селото Трубарево вчера во 02,00 часот 46-годишно лице Г.Т. во угостителски објект бил физички нападнат од неколку лица.

 

И во Прилеп во петокот бил пријавен физички напад околу 15:00 часот на улицата „Ленин" каде лицето А.Р. (19) било нападнато од неколку лица.

 

Во Прилеп било пријавено и нарушување на јавен ред и мир вчера на улицата „Леце Котески" со тепачка помеѓу лицата В.Д.(32), Џ.Д.(32), Р.З.(35) и Д.М.(36) од една страна, и Д.А.(43), Џ.Д.(28), Ф.Ѓ.(20) и Ѓ.З.(44) од друга страна.

 

Вчера неколку лица пријавиле физички напад, меѓу кои лицето А.Ј.(21) во Кратово кој бил нападнат од лицето К.Н.(23) пред угостителски објект, лицето К.Ч. од селото Лескоец – Охридско кој бил физички нападнат од лицето С.Т., и лицето К.А.(18) во Штип кој бил физички нападнат на улицата „Партизанска" пред дискотека од лицата А.Ј. и Б.Ј.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.