До крајот на денот ќе се знае дали оставката на Груевски ќе биде ставена на утрешната седница

На претпладневната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствува претставник на ВМРО-ДПМНЕ, не е донесена конечна одлука дали оставката на пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски, кој избега од земјава и доби политички азил во Унгарија, ќе биде ставена на дневен ред на утрешната седница.

 

Од кабинетот на Џафери посочија дека на координацијата секој од координаторите изнел свој став, и оти претседатеот на Собранието во текот на денот одделно ќе има средба и со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

 

На утрешната 102. седница на Собранието на дневен ред е одлуката на Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања за одземање на мандатот Груевски поради шестмесечно неоправдано отсуство.
 
 
Од партиите на мнозинството велат дека нивниот став е дека треба да се расправа за одлуката на Комисијата односно според одредбите на Деловникот и Уставот, каде е наведено дека пратеникот треба лично да ја поднесе оставката.
 
 
Се очекува во текот на денот Џафери да има уште една средба со координаторите на пратеничките групи, по што неговиот кабинет ќе информира дали оставката ќе биде ставена или не на дневен ред на утрешната седница.
 
 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.