Заврши тендерот на Општина Куманово за заловување на кучиња скитници

Заврши тендерот што го објави Општина Куманово за заловување кучиња скитници на годишно ниво, за што од буџетот, Куманово одвои 760.000 денари без данок на додадена вредност, информираа денеска од одделението за јавни набавки. Тендерот го доби АД Ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков".

 

– Заловувањето ќе почне од понеделник, согласно планот, така што првин ќе се заловуваат кучиња скитници од централното градско подрачје, а потоа и од приградските населби, изјави Гордан Таневски од секторот за инспекциски надзор.

 

Општина Куманово со години наназад спроведува годишен тендер за заловување на кучиња скитници. Изведувачот е должен да ги залови кучињата, вакцинира, да ги смести во прифатилиште и да ги чипира. Кучињата потоа се враќаат на локацијата каде биле заловени.

 

Со минатогодишниот тендер заловени се околу 250 кучиња.

 

Од секторот информираат дека се уште несовесни граѓани оставаат миленици на различни локации во градот.

 

– И граѓани пријавуваат дека на некои локации на влезот од градот се остава поголем број на кучиња скитници, изјави Таневски.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.