Објавен повикот за субвенциониран одмор за работници со ниски приходи за 2019 година

Работниците чии вкупни месечни примања во семејството не се поголеми од 22.000 денари од денеска до 30 август можат да се пријават на јавниот повик од Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи за 2019 година што го објави Министертвото за економија.

 

Огласот е објавен за поддршка на работниците со ниски приходи за и тие да имаат можност да користат годишен одмор. Веќе се направени договори со 25 хотели кои ќе ги примаат ваучерите што ќе бидат дадени од страна на Министерството. За таа намена се предвидени 20 милиони денари со што над 1.200 работници со ниски примања ќе можат да одат на одмор со нивните семејства.

 

Листата на хотелите во Струга, Охрид, Попова Шапка, Берово, Дојран и Преспа, со кои се склучени договори, може да се најде на веб страницата на Министерството за економија, заедно со условите кои се потребни за аплицирање на јавниот повик.

 

Од 2017 година, кога почна да се спроведува оваа мерка, се покажало дека има голем интерес од страна на граѓаните и веќе се поддржани над 2.200 домаќинства кои ги искористија ваучерите.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.