Општина Велес ќе кофинансира околу 14,2 милиона денари за пет инфраструктурни проекти

Советот на Општина Велес од општинскиот буџет ќе одвои околу 14,2 милиона денари за пет значајни инфраструктурни проекти финансирани од домашни и меѓународни фондови.

 

Како што изјави за МИА Јадранка Стефкова од општинската прес-служба, реализацијата на проектите ќе почне веднаш и треба да заврши до крајот на годинава.

 

Станува збор за „СМАРТ Езеро Младост – Прва иновативна туристичка атракција во Македонија", проект финансиран од ЕУ преку ИПА програмата, раководен од Светска банка (ЛРЦП), асфалтирање на постоечки земјен локален пат помеѓу селата Сливник и Бузалково и изградба на патен правец село Сливник – село Бузалково, проект финансиран исто така од Агенцијата. Четвртиот инфраструктурен проект е изградба на улици низ село Сливник во должина од еден километар, а петтиот е Изработка на соодветно решение за асфалтирање на постоечкиот пат до локалитетот Пешти со цел развој на туризмот до овој природен локалитет на реката Бабуна. Последниве четири проекти се финансиски поддржани од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој.

 

-Со овие проекти ќе се решат некои од инфраструктурните проблеми на граѓаните и ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите во општината,во урбаните и рурални средини подеднакво, истакна Стефкова.

 

Оваа одлука Советот на Општина Велес на својата последна седница ја донесе со усвојување на Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за активности во областа на локално економскиот развој во 2019. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.