Милошоски: Разговорите со руските „пранкери“ е сериозен диломатски скандал

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека телефонските разговори, што беа објавени на јутјуб, на премиерот Зоран Заев со руски „пранкери“ кои се претставуваат како украинскиот претседател Петро Порошенко, претстатвуава сериозен дипломатски скандал.

 

– Најодговорен за овој скандал е премиерот Зоран Заев, но ништо помалку одговорни не се ниту министерот за надворешни работи Никола Димитров и дипломатскот советник на премиерот Дане Талевски. Не може да се случи трипати во низа, во август 2018, јануари 2019 и април 2019, разговор со лажен претседател на Украина, што значи развиена е меѓусебна доверба и откривање многу чувствителни информации, рече Милошоски.

 

Според него, со тоа е нанесена штета, не само на угледот на Република Македонија, како држава, нанесена е штета на репутацијата на македонската дипломатија.

 

– Исто така, доколку Заев потврди дека неговиот глас е автентичен, изнесени се во јавност чувствителни дипломатски и безбедносни информации, и нанесена е штета на довербата од трети држави кон Македонија, бидејќи се споменуваат и поединци и функционери од САД, Германија, Србија, Русија, Грција и други држави, додаде Милошоски.

 

Истакна дека Заев морал да знае или да биде поучен од своите советници, дека меѓудржавни телефонски комуникации се остваруваат според предвиден дипломатски протокол. Побара од Заев, или како што рече, во најмала рака неговиот советник Талески и министерот за надворешни работи Димитров, да поднесат оставки, поради, како што додаде Милошски, „грубото непознавање на меѓудржавните комуникации“.

 

На прашањето до каде е работата со Комисијата за помирување, Милошоски рече дека тој не учествува во таа Комисија, и оти нејзиното формирање имало само една цел, а тоа, според него, е да обезбеди двотретинско мнозинство со цел промена на Уставот и остварување на лични цели на поединци во Собранието и надвор од него.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.