Анѓушев – Бернс: САД се стратешки партнер на Северна Македонија

Досегашната соработка помеѓу Северна Македонија и САД, но и за можностите за соработка во иднина, особено во полето на економијата беа тема на денешната средба на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев со новоименуваната американска амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз.

 

Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, Анѓушев и посака срдечно добредојде на амбасадорката и честитајќи и го именувањето на новата позиција, и посака многу успех во извршувањето на работните задачи. Анѓушев се заблагодари за поддршката која САД ја дава во процесот на станување на полноправна членка на НАТО алијансата, како и во процесот на спроведување на реформи во насока на отворање на преговори за членство со Европската Унија.

 

-Соработката помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави е на особено високо ниво. САД се стратешки партнер на нашата земја и така ќе остане и во иднина, подвлече вицепремиерот Анѓушев.

 

Тој ги презентираше економските политики на Владата, при што истакна дека од наследената економска состојба која беше во негатива, сега економијата е стабилна, а стапката на раст на БДП од 4,1%, која е регистрирана во првиот квартал од 2019 година, е базирана на работата на реалната економија, која што на долг рок ќе обезбеди одржлив економски раст и развој. Воедно информираше дека во 2018 година забележано е рекордно високо ниво на странски директни инвестии од 624,5 милиони евра, со што се потврдуваат добрите економските политики, односно стабилноста и сигурноста, како клучен постулат во креирањето на севкупните политики за сигурност на инвеститорите.

 

Вицепремиерот подвлече дека основа на развојот на економијата е Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој е транспарентен и еднаков за сите инвеститори, со јасни критериуми, чија цел е да се поттикне модернизација и технолошки развој на стопанството и со тоа да се зајакне конкурентноста на македонските компании на домашните и меѓународните пазари.

 

-Како клучен предизвик, за кој се сложија двата соговорници, е реформата во образованието, за надминување на јазот помеѓу побарувачката и понудата на работната сила, во насока на побрз развој на стопанството. Клучно е да се развие претриемачки дух кај младите лица, како и да се креира образовен систем кој ќе продуцира високо едуциран кадар со вештини и знаења за потребите на стопанстсвото, се наведува во соопштението.

 

Соговорниците, се додава, се согласија дека поддршката на реалната економија и индустријализацијата, односно новите инвестиции во модернизација и технолошки развој на компаниите, обезбедуваат одржлив и посилен економски раст на долг рок.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.