Чавушоглу во Скопје на средби со Заев, Димитров и Османи

Шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска и утре престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

 

Севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес, се темите за кои ќе разговараат на утрешната средба министрите Димитров и Чавушоглу, најавија од МНР.

 

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Димитров и Чавушоглу официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот  е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

 

Се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.