Крводатарителски акции во Желино и Тетово

Општинската организација при Црвениот крст од Тетово неделава организира две крводарителски акции во Тетовско.

 

Акциите се организираат во соработка со Центарот за трансфузија.

 

– Во просториите на Општина Желино утре ќе се организира вонредна граѓанска акција на крводарување со почеток од 10:00 до 14:00 часот, додека во просториите на Службата за трансфузиона медицина во Тетово следниот ден, на 17 јули, ќе се организира вонредна крводарителска акција од 08:00 до 18:00 часот, соопшти општинската организација на Црвениот крст – Тетово.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.