Северна Македонија и Чешка ќе ја унапредуваат соработката во областа на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска се сретна со амбасадорот на Чешката Република во земјава Мирослав Томан.

 

Средбата, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, е во знакот на можност за размена на мислења и искуства, како и интензивирање на соработката во областа на животната средина.

 

– Министерот Нуредини изрази почитување за можностите за идна соработка и размена на нашите мислења и искуства со Чешката Република, како и да добиеме корисни информации што би им помогнале во остварување на нашите заеднички цели, земајќи ги предвид националните потреби, наведуваат во соопштението.

 

Досегашната билатерална соработка помеѓу двете министерства, е започната од многу одамна и е институционализирана со потпишување билатерален Протокол за соработка во областа на заштита на животната средина на 17 јуни 2004 година во Прага, како резултат на долгогодишната соработка на експертско ниво. Протоколот, стои во соопштението, ни дава одлична можност за двете страни за зголемување на нашите напори во насока на соработка на конкретни проекти имајќи ги предвид националните приоритети, управување со отпад, климатски промени, заштита на воздух и вода.

 

Амбасадорот Томан и Министерот Нуредини изразија волја за спроведување на заклучоците од областа на животната средина што беа констатирани за време на втората седница на Мешовитиот комитет по билатералниот Договор за економска и индустриска соработка во примена помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Чешката Република, што се одржа во април оваа година во Скопје, на која двете министерства искажаа согласност за согласување, односно ажурирање на приоритетните области за соработка во важечкиот Протокол за соработка во полето на заштита на животната средина од 2004 година или конципирање на нов билатерален документ за потпишување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.