МЗ: Одлично функционира мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита во Ресен и околните места

Одлично функционира мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита во општина Ресен и околните места. За шест месеци реализирани се 472 посети, соопшти Министерството за здравство.

 

Сервисот е сместен во Здравствениот дом во Ресен, кој е добро организиран и работи стручен тим од медицински сестри, физиотерапевт, неговател и социјален работник, кој оди на терен, во домовите на пациентите и се грижи за нив, со што услугите се доближуваат поблиску до граѓаните.

 

Кочани е првата општина, која минатата година почна со имплементација на моделот интегрирана здравствена и социјална заштита, а овој месец во Галичник почна со работа летната патронажна медицинска служба, која секој петок, во наредните три месеци ќе ротира во овој регион.

 

Проектот мобилен сервис за здравствена и социјална заштита во Ресен или т.н патронажни сервиси е во организација на министерствата за здравство, за труд и социјална политика, Општината Ресен и УНДП, каде пациентите од социјален ризик, маргинализирани групи и тешко подвижни болни, ја добиваат потребната услуга и заштита во домот. Патронажната служба ги покажува своите позитивни резултати. Светската здравствена организација ги оцени интегрираните услуги за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните, стои во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.