Недостиг од квалификувана работна сила во преработувачката индустрија

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производство во преработувачката индустрија имаат недостигот на квалификувана работна сила со 26,2  проценти, недоволната странска побарувачка со 15,6  проценти, недоволната домашна побарувачка со 14,4 проценти и неизвесното економско опкружување со 11,9  проценти.

 

Државниот завод за статистика денеска објави дека раководителите на фирмите во преработувачката индустрија ја оценуваат како поповолна економската состојба на деловните субјекти во јуни споредено со мај годинава, како и во однос на јуни минатата година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

 

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни во однос на мај годинава е зголемен за 0,3 процентни поени и изнесува 21.3, а во однос на јуни лани е зголемен за 1,5 процентни поени,

 

Состојбата на безбедноста на производството со порачки во јуни во однос на мај годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на мај лани.

 

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни годинава изнесува 69,9 проценти од нормалното искористување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.