Панајотопулос: Ако се почитува Договорот од Преспа може да имаме подобра иднина

Почитувањето на договорот од двете страни, без отстапки може да донесе позитивни резултати и подобра иднина, рече новиот грчки министер за одбрана, Никос Панајотопулос, говорејќи на конференцијата на „Економист“ на панел дискусијата посветена на Балканот и Договорот од Преспа, на која учествуваше и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

 

-Не ја оспорувам намерата на некои дека овој договор беше постигнат за добра цел за да ја зајакне стабилноста во регионот, да ги зајакне геополитичките темели за да не постојат пресврти. Моето мислење е дека за овој договор да опстане и да произведе позитивни резултати ќе треба и двете страни да бидат посветени во почитувањето и задржувањето на суштинските условите на договорот. Ова е мојата позиција и како правник. Ако се почитува без отстапки сите суштински услови од договорот, тогаш може да одиме кон подобра иднина, рече Панајотопулос .





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.